September 26, 2022 18:05
Балкан

Во Приштина заедничка седница на владите на Косово и Албанија

Во Приштина денеска ќе се одржи осмиот состанок на владите на Косово и Албанија, на кој ќе бидат потпишани повеќе договори, потврдија од Владата на Косово. Премиерите на двете земји Албин Курти и Еди Рама ќе ја отрвората заедничката владина седница по што ќе следи презентација за националното пристаниште и железничката инфраструктура во функција на заедничкиот национален пазар. Ќе биде претставен и проектот за ново комерцијално пристаниште во Порто Романо и интеграција со пругата Драч-Приштина.

Ќе биде потпишан договор меѓу двете влади, по што премиерите Курти и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.

Досега се одржани седум заеднички состаноци на владите на Косово и Албанија, на кои се потпишани над 100 договори, а последниот состанок се одржа на 26 ноември 2021 година во Елбасан и по тој повод беа потпишани 13 договори.