Малолетен пешак бил прегазен од автомобил вчера во Прилеп, по што возачот побегнал од местото на сообраќајната незгода. Како што соопшти МВР, несреќата се случила на улицата Браќа Ламески.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид извршила полициска екипа.