Свет

Во првите девет часа продажба на Денот на самците, „Алибаба“ заработи дури 23 милијарди долари

Кинескиот гигант за онлајн трговија „Алибаба“ соопшти дека продажбата за време на првите девет часа на Денот на самците, која компанијата го организира секој 11 ноември, достигна 158,31 милијарда јуани (22,63 милијарди долари), што е за 25 проценти повеќе во споредба со продажбата во првите девет часа истиот ден лани. Денот на самците, кинески пандан на американскиот Црн петок и Сајбер понеделник, промовиран од претседателот на „Алибаба“ и извршен директор Даниел Џанг како 24-часовен празник за купување преку интернет од 2009 година, цвета со тенденција да стане најголем малопродажен настан во светот, пренесува „Ројтерс“.