January 21, 2019 22:23
Свет

Во Полска затворени 13 играчници по смртта на пет девојчиња во пожар

Полските власти затворија 13 играчници „ескејп рум“ (Escape room) поради безбедносни пропусти по смртта на пет девојчиња во пожар.

Полскиот премиер, Матеуш Моравецки ги повика граѓаните да пријават безбедносни пропусти што ќе ги забележат во играчниците од овој тип, пренесува „Асоушиејтед прес“.

Учесниците во „ескејп рум“ игрите се заклучени во соба или зграда и мораат во определен временски рок да решат низа загатки за да дојдат до клучот кој ги отвора вратите за излез од просторијата. Игрите се сметаат за интелектуален предизвик и уживаат голема популарност меѓу тунејџерите во Полска.

Противпожарната служба соопшти дека играчницата во изнајмена куќа каде настрадаа пет 15-годишни девојчиња во петокот, немала излез во случај на пожар.

Телата на тинејџерките, пожарникарите ги пронајдоа во соба до онаа каде избувнал пожарот. Се покажало дека девојчињата се задушиле од чадот.

Обвинителите наведоа дека причина за пожарот наверојатно е протекување на гас во системот за греење.

Во околу 200 од 1.100 „ескејп румс“ извршена е контрола од петокот, а притоа не е окриен голем број на безбедносни пропусти кои итнон би морало да бидат отстранети.

Related posts

Ужас во Русија: Тинејџер со секира искасапи 6 ученици, потоа го запали училиштето

24news

Скандал: Жена влегла во Аја Софија, ја подигнала бурката и го сликала меѓуножјето

24news

Уапсен маж поради испраќање сомнителни пакети во амбасадите во Австралија

Valentina