Хроника

Во полиција пријавени три тепачки

До полицијата стигнале пријави за три поединечни инциденти во текот на вчерашниот ден.

Како што соопшти МВР, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.00 на подрачјето на Центар, Г.А.(47) од Скопје бил физички нападнат од А.Д.(54) од Скопје.

Во вториот случај, синоќа околу 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров поради меѓусебно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(44) и Т.М.(39), двајцата од Скопје.

Третиот случај е регистриран на територија на СВР Тетово. Н.Д.(39) од Тетово синоќа пријавил во полиција дека во близина на такси компанија во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од З.Н. и уште едно лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

AnimeFreak anime sites: Redo of Healer (https://animefreak.ws/m/QR9b) Episode 12

GoGoAnime nisekoi gogoanime: Boruto: Naruto Next Generations (https://gogoanime.be/m/VLmo) Episode 194