August 22, 2019 05:09
Хроника

Во полиција приведени петмина фудбалери на „Братство“ од Коњари

Во скопската полиција во попладневните часови на 14 април било пројавено насилство кое се случило по завршувањето на натпревар на фудбалскиот стадион во село Волково.

Како што информираат од МВР, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари, петмина фудбалери на гостинскиот тим, сите од скопското село Коњари, го нарушиле јавниот ред и мир.

Според пријавеното, двајца од нив физички нападнале 26-годишен фудбалер на ФК Волково, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници.

Фудбалерите биле приведени во полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Нови вести

Вечерва пожар во Скопје кај Злокуќани

24news

Германец влегол во касaрната „Страшо Пинџур“ поради погрешни ГПС-насоки

Filip

Пожар во делчевското село Бигла

Filip