September 20, 2021 22:03
Магазин Свет

Во подрумот од куќата чувал тенк, 84-годишен пензионер од Германија оди на суд

Правниците во Германија расправаат за тоа како да се справат со 84-годишен пензионер кој во својот подрум чувал тенк, противвоздушна пушка и торпедо од Втората светска војна.

Тенкот „Пантер“ бил отстранет од подрумот на неговата куќа на северот на Германија во градот Хајкендоф во 2015 година, пишува Би-Би-Си.

Обвинителите и бранителите сега преговараат за можни казни, вклучително и условна и парична казна до 500.000 евра.

Според адвокатот на обвинетиот, Американскиот музеј е заинтересиран за купување на тенкот „Пантер“.

Многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното возило што го користела Германија за време на Втората светска војна.

Адвокатот исто така рече дека голем број германски колекционери контактирале со обвинетиот и заради други предмети, вклучително и пушки и пиштоли.

Во понеделникот на судското рочиште во градот Кил, околу 100 километри северно од Хамбург, адвокатите се обидоа да утврдат дали воената колекција го крши германскиот закон за контрола на оружјето.

Одбраната тврди дека многу оружја веќе не се функционални и дека „Пантер“ е купен како отпад, и размислува да прифати казна од 50.000 евра.

Во јули 2015 година, околу 20 војници го извлекуваа „Пантерот“ од имотот на пензионерот околу девет часа.

Локалните власти за предметите во подрумот ги известиле колегите во Берлин, кои претходно извршиле претрес во домот за уметнички дела украдени од нацистите.

Следното рочиште е закажано за во среда, а пресудата се очекува следниот месец.

https://animeflv.uk anime online

https://animekisa.in anime online

Website https://animebee.to: Watch Mobile Suit Gundam SEED MSV Astray animebee Episode 2 anime to watch

4Anime: Bakemonogatari Recap anime episode 3 online free at https://4anime.biz persona 4 the animation funimation

Gallery autodesk: https://gallery.autodesk.com/users/HKGTQUMQFMX2?relProf=1

Knowyourmeme: https://knowyourmeme.com/users/gogoanimebe