October 27, 2020 15:39
Македонија

Во Пехчево реализирана превентивна активност за заштита на шумите од пожари

Во Пехчево реализирана акција како дел од превентивната активност за заштита на шумите од пожари. Во рамки на акцијата претставници на Општина Пехчево во соработка со ОВР Берово, шумска полиција и Македонски шуми-Пехчево делеа флаери со едукативна содржина и препораки за заштита од пожар.
Помошник командирот за јавен ред и мир и превенција, Васко Мамучевски истакна дека излегувањето на терен е конкретизирано со запирање на возила и делење на наменски флаери на возачите и нивните сопатници кои главно се упатуваа на подрачјето на селата или стопанските субјекти во планинските села и излетничките места во Пехчево.
-Се сретнавме со најмалку 30 возачи на возила кои се упатуваа кон подрачјето на Туристичката населба Равна Река, месноста Св. Петка и на други локации, кратко разговаравме за целта на акцијата при што им укажавме на важноста на превентивната заштита од пожари која може да биде и пресудна ако има опасност од било каква огнена стихија, истакна Мамучевски.
Ова подрајче како, што додаде е главно шумовито и постојат можности да се случат шумски пожари.
-Оттаму вниманието кое треба да го имаат сите кои престојуваат овде.„Да ја заштитиме шумата од пожар„  и препораки за заштита од пожари е осоновната порака на флаерите во кои се наведува потребата од наше внимание и брзо реагирање ако се иницира мал пожар, додаде помошник командирот.
Организаторите вакви или слични акции најавија и во наредниот период.