November 30, 2021 09:24
Свет

Во Париз ќе бидат засадени 170.000 дрвја за подобра клима во градот

Париз со години е еден од градовите со прекумерно загадување на воздухот, а сега главниот град на Франција сака да ја подобри климата во градот со садење 170.000 нови дрвја.

Дополнителни дрвја ќе бидат засадени секаде каде што има места, покрај улиците, на плоштадите, во парковите, но и покрај автопатите низ градот, објави градската управа.Целта е борба против климатските промени.

Дрвјата апсорбираат јаглерод диоксид, го подобруваат квалитетот на воздухот и придонесуваат за ладење на градот за време на летните топлотни бранови.Покрај тоа, дрвјата се природна бариера за бучавата и визуелното загадување, што го подобрува здравјето на Парижаните и го намалува стресот.

Париз веќе е еден од европските градови со најмногу дрвја, нагласила градската администрација.Во самиот град има околу 200.000 дрвја, и уште 300.000 во урбаните шуми на Булоњ и Винсенс.

До 2026 година треба да се засадат дополнителни дрвја.

Во првата сезона на садење 2020/21 веќе се засадени речиси 14.000 млади дрвја.

За таа цел, градот има свој расадник за дрвја.Од безбедносни причини, помалку од 1,5 проценти од дрвјата ќе треба да се соборат, се вели.

Од 2014 година, Париз ја следи својата популација на дрвја користејќи автоматизиран систем, секое дрво има своја дигитална лична карта и се проверува годишно.Дрвјата по улиците се во просек не постари од 80 години.

Францускиот државен совет објави летово дека итно се потребни напори за подобрување на климата во Париз.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official

Watch Oblivion Island: Haruka and the Magic Mirror Episode Full

Website https://animefreak.ws: Watch Jewelpet Twinkle☆ animefreak Episode 52 anime freak tv

https://gogoanime.be gogoanime 10

Website https://wcostream.cc: Watch Brynhildr in the Darkness wcostream Episode 13 wcostream dragon ball z