June 26, 2019 20:27
Свет

Во Отава тројца загинати и 23 тешко повредени во сообраќајна несреќа

Три лица загинаа и 23 се повредени во сообраќајна несреќа во Отава откако градски автобус удри во автобуска станица во градскиот кварт Вестборо.

Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон рече дека двајца патници и човек кој чекал на станицата ги загубиле животите во „ужасната” несреќа.

Четиринаесет повредени луѓе се во критична состојба.

Сообраќајката се случила околу 16 часот по локално време. Двоспратниот автобус бил полн со патници во моментот на несреќата.

Нови вести

Гваидо: Нова воена интервенција се уште е опција

Filip

Членките на НАТО се согласија за мерки против Русија ако пропадне нуклеарниот договор

Filip

Трамп: Војната со Иран не би траела долго

Filip