August 23, 2019 18:03
Магазин

Во оваа намирница се крие клучот за долг живот!

Новите истражувања покажаа дека клучот за еликсирот за долговечност би можел да се наоѓа во кашкавалот. Во студијата објавена во магазин, европските истражувачи го анализираа делувањето на спермидинот кој се наоѓа во кашкавалот.

Резултатите покажаа дека луѓето кои јадат зрели кашкавали имаа помал ризик од застој на работата на срцето или висок крвен притисок.

Исто така, истражувањето покажа дека луѓето кои јадат намирници како грашок, пченка, соја и житарки од цело зрно имаат поголема веројатност подолго да живеат.

Истражувањето кое е спроведено на глодари сигурно ќе ги израдува љубителите на овој популарен млечен производ. По анализата која е обавена на глувци, истражувачите анкетирале 800 Италијани и откриле дека оние кои имале поголем внес на спермидин имале понизок крвен притисок и за 40 проценти помал ризик од застој на работата на срцето и другите кардиоваскуларни болести.

Претходните студии исто така покажаа дека лицата кои консумираат кашкавал имаат подобро ниво на холестерол во однос на оние кои јадат растителен кашкавал или воопшто не го консумираат. Една студија од 2015 година покажа дека љубителите на кашкавал имаат зголемено ниво на бутирати во организмот, што е поврзано со брзиот метаболизам и решавањето на проблемите со дебелината.

Нови вести

(Видео) Ким Кардашјан призна дека е позната благодарение на Парис

zane

Самсунг го претстави новиот компатибилниот заоблен CRG5 монитор за игри  

Daniela

„Хуавеј“ го претстави најбрзиот чип базиран на вештачка ителигенција

zane