October 15, 2019 10:54
Балкан

Во објекти под опсада во Атина, пронајдени 269 бегалци и мигранти

Во новата акција на грчката полиција за празнење на објекти што се под опсада во центарот на Атина, утрово беа пронајдени 269 бегалци и мигранти, меѓу кои 98 деца, јави дописничката на МИА од Атина.

Акцијата заврши без проблеми, а беше спроведена во два објекти што беа под опсада од 2016 година.

Како што соопштуваат од грчката полиција, во едниот објект биле пронајдени 90 лица од кои 36 деца, а едно лице било уапсено за поседување ножеви.

Во вториот објект имало 179 лица, меѓу кои 62 деца, а полицијата пронашла и два пиштоли за кои треба да провери дали се функционални или се реплика.

Пронајдените бегалци и мигранти со автобуси биле однесени во Дирекцијата за странски државјани за дополнителна проверка на нивните документи.

Нови вести

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

zane

Заменик градоначалникот на Белград бркан по „Кнез Михајлова” од активисти на опозицијата

Igor

Курти: Српска листа не е српската заедница

Igor