January 20, 2022 18:22
Свет

Во немирите во Казахстан загинаа 16 полицајци, 1.300 се ранети, а 5.100 луѓе се приведени

Во немирите во Казахстан загинаа 16 припадници на безбедносните сили, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Министерството за внатрешни работи.

Прес-службата соопшти за повеќе од 1.300 ранети полицајци, војници и борци од Националната гарда.

„Во немирите се приведени повеќе од 5.100 луѓе. Полицијата приведе околу 300 луѓе кои се обиделе да го напуштат Казахстан”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Казахстанското Министерство за трговија истакна дека нема проблем со снабдувањето со храна. Сепак, на берзите им се советува да не продолжуваат со работа додека не се стабилизира ситуацијата во земјата.

Ситуацијата во главниот град Нур Султан е мирна, јавниот превоз се движи и вратена е кабелската интернет конекција, но не и мобилниот интернет, јави ТАСС.

Во Алмати, најнаселениот град во Казахстан, кој стана епицентар на немирите, супермаркетите повторно ќе бидат отворени, но со намалено работно време.

Воздушниот транспорт во Казахстан постепено се воспоставува. Денеска е планирано да се реализираат 38 меѓународни летови, а 29 се откажани, соопшти Министерството за индустрија и развој на инфраструктурата.

„Аеродромот Алмати како целина сега е технички подготвен да продолжи со работа. Но, тоа ќе се случи кога ќе се стабилизира состојбата во градот”, велат од Министерството за индустрија.

На 2 јануари во голем број населени места во Казахстан започнаа протести против поскапувањето на горивата. Неколку дена подоцна тие се претворија во масовни немири и напади врз владата во многу градови.

Државната телевизија вчера објави за повеќе од 40 жртви.

Казахстанскиот претседател Касам-Жомарт Токаев се обрати за помош до сојузниците на Организацијата на Договорот за колективна безбедност. Воениот блок во кој доминира Русија брзо испрати мировници во централноазиската поранешна советска република, кои веќе ги извршуваат нивните доделени задачи.

Казахстанските власти објавија дека на 7 јануари во целата земја е воспоставен уставниот поредок. Ситуацијата во Алмати останува најкомплицирана.

Претседателот го прогласи 10 јануари за ден на национална жалост.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Horimiya Episode 13

AnimeDao Attack on Titan Season 2 (Dub)

Hunter x Hunter (2011) (Dub) Episode 147

AnimeDao My Hero Academia

anime stream AnimeDao Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2