August 14, 2022 09:38
Скопје

Во недела повеќе улици на Водно без вода

Поради реконструкција на водоводна мрежа на ул.„Тодор Александров” 38, на 28 ноември (недела), прекинатото водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Ацо Караманов”, дел од „Караорман”, „Периша Савелиќ”, „Ловќенска” -подулици 3,5,7 ,9 и дел од „Загребска”, вклучително ЈЗУ Болница Козле, претседателските вили и сите дипломатски претставништа на наведените улици, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација”.

Како што додаваат водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.