November 28, 2020 00:21
Свет

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб.

„Четириесет и девет пациенти со коронавирус, кај кои беше дијагностицирана пневмонија, починаа во Москва“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата Тас.

Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот од почетокот на пандемијата во руската престолнина достигна 6.058.

Тас наведува дека Москва е еден од најпогодените региони на Русија кога станува збор за бројот на пациенти, како и дека се зголемува бројот на смртни случаи во главниот град.

Од почетокот на пандемијата, во Москва се регистрирани 367.629 случаи на коронавирус, додека 275.648 пациенти оздравеле.