November 30, 2020 20:43
Македонија

Во МНР ќе се потпише Рамка за соработка за одржлив развој за периодот 2021-2025

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија Росана Дуџиак денеска во холот на МНР ќе ја потпишат новата Рамка за соработка за одржлив развој  (UNSDCF) за периодот 2021-2025.

Потпишувањето на Рамката, како што посочија од МНР, симболички се совпаѓа и со Денот на ОН, 24 октомври и 75-годишнината од основањето на Организацијата на Обединетите Нации.