December 3, 2022 10:49
Македонија

Во Министерството за одбрана досега не се разгледувала никаква можност за задолжителен воен рок

Армијата на Република Северна Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок. Одлуката за професионална војска ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата.

 

Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право,  можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат. Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова.