January 15, 2021 16:48
Спорт

Во Милано Интер и Реал Мадрид ќе играат за опстанок во елитното натпреварување

Четвртото коло од фудбалската Лига на шампионите продолжува денеска со уште осум натпревари кои можат да промовираат нови екипи кои ќе обезбедат пласман во нокаут-фазата пред да се одиграат последите две рунди од групите.

Најголема неизвесност и внимание привлекува развојот на настаните во групата Б  каде фаворитите Реал Мадрид и Интер Милано немаат прво на грешки. Неочекувано овие две екипи Реал Мадрид и Интер  во конкуренција со Борусија Менхенгладбах и Шахтјор се најдоа во ситуација по три одиграни кола да се борат за позициите кои водат во нокаут-фазата. Во моментов ги заземаат третата и четвртата позиција во групата „Б“ со четири, односно два бода.

Вечерва се очекува лидерот во групата Борусија Менхенгладбах да го потврди статусот на фаворит против Шахтјор откако пред две и пол недели го декласира со 6:0 во Доњецк. Пред вечерашниот дуел во Германија, „црно-белите“ се први со пет бода, додека украинскиот шампион има ист број на бодови  четири, со „кралскиот“ клуб.
Пресметката во Милано ќе биде од исклучителна важност за двете екипи. Мораат да одат на победа бидејќи нерешен исход нема да им донесе мир во последните две кола. Во полоша ситуација е Интер кој има само две нерешени средби, и не може да се пофали со никаков преголем оптимизам кој воедно беше поразен во минатото коло во главниот град на Шпанија со 3:2.

Единствена предност за „неро-аѕурите“ може да биде отсуството нa најдобриот стрелец на „кралевите“ Карим Бензема и дефанзивецот Серхио Рамос кои не се во составот на Зинедин Зидан поради повреди.

Двојки (21 часот):

Група А

Баерн Минхен – Салцбург

Атлетико Мадрид – Локомотив Москва

Група Б

Борусија Менхенгладбах – Шахтјот (18.55 ч.)

Интер – Реал Мадрид

Група Ц

Олимпијакос – Манчестер сити (18.55 ч.)

Марсеј – Порто

Група Д

Ајакс – Митјиланд

Ливерпул – Аталанта