April 20, 2021 18:57
Балкан

Во манастир во Србија се крие екс-пратеник од Златна зора, кој Македонија ја поминал со лажен идентитет маскиран како монах

Властите во Грција ги истражуваат информациите дека екс пратеник на екстремната десница, Христос Папас (59), кој се бара откако беше осуден за учество во неонацистичката организација „Златна зора“, избегал во манастир во Србија. Според претпоставки поранешниот пратеник Папас успеал да избега од Грција во октомври минатата година, кога бил осуден на 13 години затвор за управување со криминална организација, објавија медиумите во Атина..

Според нивните информации, истрагата се фокусирала на некои манастири во Србија, тесно поврзани со малото грчко крило на „старокалендарци“, кои за разлика од официјалната грчка црква, не го признаваат грегоријанскиот календар.

Истите медиуми јавуваат дека Папас ја преминал границата меѓу Грција и Македонија под лажно име, маскиран во монах, поради што минатата година пуштил брада, пренесе агенцијата Бета.