April 21, 2019 09:02
Свет

Во Мадрид започна судењето на каталонските сепаратисти

Врховниот суд во Мадрид денеска го започна судењето на каталонските сепаратисти поради обидот за отцепување на Каталонија од Шпанија.

На обвинетите им се закануваат казни од седум до 25 години затвор, поради одржување на забранетиот референдум за отцепување на 1 октомври 2017 година.

Одбраната тврди дека сите обвинети треба да бидат ослободени.

Судењето се пренесува директно на државната телевизија.

Претходно, десетици илјади луѓе се собраа во Мадрид за време на викендот, незадоволни од начинот на кој владата го решава каталонското прашање.

Демонстранти, пак, утринава ги блокираа главните патишта во Каталонија.

Во оваа шпанска покраина, во октомври 2017 година беше одржан референдум за независност и покрај противењето на властите во Мадрид. Тогаш, каталонскиот парламент прогласи независност.

Владата на претходниот шпанскиот премиер Маријано Рахој ја суспендираше автономијата на Каталонија и ја смени тамошната влада, го распушти парламентот и воведе директната управа на Мадрид во тој регион.

Нови вести

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур- домот на највисокиот водопад во светот

Igor

Утре втор круг од претседателските избори во Украина

Igor

Уапсени 227 лица на протестите на ,,Жолтите елеци” во Париз

Igor