January 21, 2019 23:39
Македонија

Во Маврово 95, на Попова Шапка 50 сантиметри снег

До седум часот изутринава највисока снежна покривка е измерена во Маврово, Пожаране и на Попова Шапка.

Како што посочија од УХМР утринава во Маврово се измерени 95 сантиметри снег, 57 сантиметри се измерени во Пожаране, а 50 сантиметри на Попова Шапка. Висината на снежната покривка во Лазарополе изнесува 48 сантметри, 44 во Дебар, Крушево, 38 сантиметри во Тетово, 35 во Битола, 34 во Охрид, 32 во Тополчани, 27 сантиметри во Ѓуриште, 25 во Претор, 17 сантиметри во Скопје, 15 во Прилеп, 14 во Куманово, 12 во Скопје Петровец, 11 во Струмица, 10 во Штип, Демир Капија, најмала снежна покривка, или нешто под десет сантиметри е измерена во Берово ( 9 сантиметри) и 8 во Гевгелија.

Најниски температури во текот на ноќта се измерени во Крива Паланка, Маврово, Скопје, Петровец, Крушево.

Во Крива Паланка, Маврово, Скопје, Петровец, Крушево температурата изнесувала минус 8, во Струмица и Лазарополе минус 6, Тетово и Куманово минус 5, Прилеп минус 4, Штип, Берово, Дебар, Д. Капија, Охрид минус 3, минус 2 во Претор и Битола, додека само 1 степен е измерен во Гевгелија.

Related posts

Клучни личности од ЕУ неделава во Скопје, доаѓаат Столтенберг, Курц и Меркел

24news

Прес-конференција на премиерот Заев и заменик државниот секретар на САД, Саливан (во живо)

Filip

Грција и натаму останува на ставот за промена на Уставот

24news