August 13, 2022 16:44
Свет

Во Кремљ се подготвува заговор против Путин, би можел да заврши како Троцки

Даниел Хофман, поранешен висок офицер на ЦИА, кој служел како шеф на станица во Москва, тврди дека Путин би можел да заврши како Троцки, пренесуваат медиумите.

„Владимир Путин може да биде убиен во таен заговор на неговиот внатрешен круг. Соработниците на Путин ќе бараат начин да го соборат доколку руската инвазија на Украина не успее“, рекол Хофман. Тој додал дека секој таков обид за соборување на Путин би бил ненадеен, брз и потенцијално смртоносен.

„Момците што ќе го направат тоа, ќе бидат толку таинствени, така што Путин нема ни да се посомнева“, рекол Хофман. „Тоа ќе се случи одеднаш. А Путин ќе биде мртов“, додал тој, пишуваат медиумите во светот.

„Никој нема да го праша Путин: „Еј, сакаш ли да умреш?“. Не. Нападот ќе биде ненадеен. Можеби е удар со чекан во главата. Постои опција и да се спаси во лудница, тоа е исто така веројатно сценарио“, додал тој.

Според Хофман, постојат три клучни фигури што би можеле да стојат зад заговорот. Тоа, како што изјавил, се министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, шефот на Советот за безбедност на Путин, Николај Патрушев, и директорот на руската тајна разузнавачка агенција ФСБ, Александар Бортников.