October 29, 2020 00:43
Балкан

Во Косово 63 новозаразени лица од коронавирусот

Во изминатите 24 часа во Косово се регистирани 63 новоинфицирани случаи со коронавирусот од направени 592 тестови, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина. Како наведува ИЈЗ изминатиов ден не е евидентиран случај на починато лице како последица од коронавирусот, а излекувани се 87 пациенти.

Вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на пандемијата со коронавирусот во Косово е 15.333 позитвни лица од направени 64.230 тестови. Излекувани се 12.987 пациенти, а моментално активни има се уште 1.730 лица.