March 25, 2019 21:56
Хроника

Во комбе на автопатот Гевгелија – Скопје, пронајдени 43 мигранти

На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучката „Прдејци“, во попладневните часови на 11 март полициски службеници запреле комбе, управувано од 21-годишник од Косово, а во сопственост на 28-годишен жител на Арачиново.

Како што информираат од МВР, при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан.

Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“, а возачот бил уапсен и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нови вести

Локализиран пожарот под Пелистер

Filip

Голем пожар во Липково, интервенирано со 50 тони вода

Filip

Попладнево шумски пожар во потпелистерието

Filip