January 30, 2023 01:54
Свет

Во Италија уапсен поранешен германски офицер под сомнение за субверзивна активност

Италијанската полиција денеска уапси поранешен германски офицер (64) поврзан со десничарска организација осомничена за подготовка на државен удар во Германија.

Тој е уапсен во хотел во Перуџа, каде што е пронајден „материјал поврзан со субверзивна активност” на организацијата.

Според локалните медиуми, започнати се постапки за екстрадиција на уапсениот.

Германската полиција рано денеска уапси 25 осомничени членови и поддржувачи на екстремната десничарска сцена, членови на групата „Граѓаните на Рајхот”, кои се осомничени дека планирале државен удар.