March 8, 2021 12:40
Свет

Во Италија уапсени 50 луѓе поради Ндрангета, истрага и против политичари

Италијанската полиција денеска уапси 50 луѓе и покрена истрага против истакнатиот политичар Лоренцо Џезе, во рамки на акцијата против криминалната организација Ндрангета.

– Истрагата јасно го открива она што го зборувавме со децении. Ндрангета помалку употребува оружје, но има се повеќе врски со бизнисот и политиката, изјави обвинителот Никола Гратери, кој минатата недела го започна едно од најголемите судења во Италија.

Меѓу оние кои се под истрага е и Лоренцо Џеза, лидер на малата партија Унија на демохристијаните и центарот (УДЦ), кој минатата недела го привлече медиумското внимание откако ја одби понудата на премиерот Џузепе Конте да се приклучи на владејачката коалиција, која го загуби апсолутното мнозинство во Парламентот.

Гратери истакна дека Џеза е осомничен дека нудел бизнис договори за Ндрангета во замена за услуги.

Џеза, кој во Европскиот парламент ја застапува јужна Италија, ги отфрли обвинувањата, но рече дека ќе поднесе оставка од претседателската функција во партијата.

Полицијата во Калабрија соопшти дека во текот на оваа акција извршила повеќе од 250.000 прислушкувања на телефони и тајни снимки кои помогнале да се покаже како припадниците на Ндрангета користеле повеќе водечки компании за перење пари и отворање лажни сметки за даночни измами.

На судењето, кое почна минатата недела, на обвинителна клупа се најдоа 355 осомничени припадници на криминалната организација и нивни помагатели од светот на бизнисот и политиката. 

Watch Beastars 2nd Season Episode 1 at Crunchyroll crunchyroll 1 month free trial

Watch Your Lie in April Episode 20 at website https://animefreak.ws. See more animefreak attack on titan