August 19, 2022 13:17
Свет

Во Ирак над две илјади луѓе повредени во песочна бура

Повеќе од 2.250 луѓе побарале медицинска помош поради песочната бура и загадувањето на воздухот во Багдад и други ирачки провинции.

Поради песочната бура што вчера погоди повеќе ирачки региони, меѓународните аеродроми во Багдад и во Ен-Наџаф беа затворени.

Делови од Ирак од април речиси секојдневно се покриени со песок и прашина. Според експертите неодамнешното зголемување на песочните бури во регионот се предизвикани од климатските промени и од неефикасното искористување на копнените и водните ресурси на Ирак.