February 25, 2021 09:17
Свет

Во Индија задоволни од успешниот старт на вакцинацијата против Ковид-19

– Почетокот на кампањата за вакцинација против новиот коронавирус во Индија постигна успех со повеќе од 224.000 лица кои ја примија дозата од саботата, соопшти Министерство за здравство на Индија.

Втората најбројна држава во светот до јули планира да вакцинира 300 милиони луѓе, скоро исто колку и населението во САД, како дел од една од најголемите кампањи за вакцинација во светот.

Индија ги одобри своите вакцини – Коваксин развиен од Барат Биотек и Индискиот совет за медицински истражувања, како и верзијата Ковишилд развиена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд.

Двете вакцини се производ на Институтот Серум во Индија и се одобрени за итна употреба во јануари. Во Индија официјално се пријавени над десет милиони, иако се смета дека реалниот број на заразени е поголем.

Властите соопштија дека прво имаат намера да вакцинираат околу 30 милиони лекари и медицински сестри, потоа околу 270 милиони луѓе постари од 50 години или со посебен ризик.

A Silent Voice (https://funimationfree.com/m/aqP0) Episode Full at website https://funimationfree.com funimation shows

High School DxD Episode 12 at AnimeHeaven arifureta anime heaven