December 1, 2022 18:14
Свет

Во Индија автобус падна во провалија, загинаа најмалку 25 луѓе

Најмалку 25 лица загинаа, а 20 други се повредени кога автобус падна во провалија во северна Индија, соопштија властите.

Полицијата соопшти дека во автобусот имало од 45 до 50 луѓе и дека се работи за свадбена веселба. Возилото паднало во провалија синоќа во државата Утарканд. Државната полиција соопшти дека екипите за итни случаи и локалните жители извлекле живи 21 лице на местото на настанот.

Премиерот Нарендра Моди рече дека сите погодени од несреќата ќе ја добијат сета потребна помош и дека спасувачката операција се уште трае.

„ Ова е трагичен момент и моите мисли се со семејствата на ужалените. Се надевам дека повредените ќе закрепнат што е можно поскоро“, напиша Моди на Твитер.

Трагичните сообраќајни несреќи се чести на патиштата во Индија поради невнимание на возачот, лошо одржување на патиштата и застарени возила. Секоја година, 110.000 луѓе умираат во сообраќајот низ Индија, според полициските податоци.