September 25, 2021 02:14
Скопје

Во Илинден промовирана книгата „Скопски разговори” од Свето Стаменов и Милан Јазбец

Во Домот на култура „Илинден” се одржа промоција на книгата „Скопски разговори” на Свето Стаменов, политиколог, познат македонски новинар и публицист и проф. д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија, припадник на првата генерација словенечки дипломати, универзитетски професор, писател и поет.

Промотори на книгата „Скопски разговори“ беа Милан Предан, амбасадор на Република Словенија во нашата земја, проф. д-р Трајан Гоцевски, универзитетски професор, министер за одбрана во првата влада на независна и суверена Република Македонија и актуелен член на Советот за безбедност, Раде Силјан, поет, есеист, литературен критичар и преведувач и Зоран Иванов, новинар и публицист, а со пригодна беседа се обрати градоначалникот на општина Илинден м-р Жика Стојановски.

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, пред присутните истакна дека културата е белег на нашето постоење и значаен симбол на културниот идентитет на секој народ. Затоа, за да се биде домаќин на еден ваков настан е привилегија, како локална самоуправа, пишаниот збор да го доближиме до граѓаните.

-Во сферата на културата, како поддржувач и повеќегодишен учесник на меѓународната литературна манифестација „Илинден”, амбасадорот Милан Јазбец како поет кој има издадено повеќе од 50 свои книги, со својата заложба, со прагматичноста во спроведувањето на својата дипломатска мисија, со посветеноста и со енергијата, придонесе за културна размена и соработка во промовирање и истакнување на достигнувањата во литературата и уметноста во нашите две пријателски држави, како и на локално ниво во рамките на билатералната соработка, додаде градоначалникот Стојановски.

Градоначалникот Жика Стојановски на учесниците на оваа промоција, за особен придонес во унапредувањето на културата и културните вредности, им додели посебни признанија.

Animepahe: Mysterious Play (Dub) anime episode 52 online free at https://animepahe.cc anime to watch

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

Blurb: https://www.blurb.com/user/gogoanimebe

Zeef: https://zeef.com/profile/animefreak