March 5, 2021 14:56
Свет

Во Израел продолжен националниот карантин поради Ковид-19

Израелската Влада го продолжи националниот карантин воведен поради коронавирусот. Одлуката е донесена откако во државата беа регистрирани рекордни 10.021 случај на инфекција дневно, јави ДПА.

Тековниот карантин, трет по ред, требаше да заврши во петокот. Сега е продолжен до крајот на месецот, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Училиштата и градинките се затворени, трговските центри се затворени, а рестораните можат само да доставуваат храна. На луѓето не им е дозволено да ги посетуваат домовите на други луѓе кои не се дел од нивното семејство. Ограничени се и движењата на повеќе од 1 км од домот.

Кампања за вакцинација против коронавирусот е во тек во Израел. Досега 2,2 милиони луѓе се вакцинирани во државата.

Watch Horimiya Episode 2 at AnimeFreak animefreak dororo

Boruto: Naruto Next Generations (https://crunchyrollfree.com/m/gkNK) Episode 182 at Crunchyroll vrv free account