November 23, 2020 14:48
Свет

Во изборна реклама на Трамп за поддршка на армијата на САД најдени руски ловци 

 Изборниот штаб на Доналд Трамп во својата рекламна кампања за претседателските избори во ноември употребил фотографија со руски ловци и калашникови, јави синоќа Политико. 

Изданието укажа дека рекламата се пуштала на Интернет на територијата на САД од 8 до 12 септември. Фотографијата покажува силуети на војници со оружје в раце, кои во позадина се надлетани од три авиона. На сликата стои порака „Поддржете ги нашите трупи”. 

-Реклама на Трамп го повикува народот да ја поддржи нашата армија, но на сликата има руски ловци, констатира изданието. 

Се посочува дека рекламата е направена од комитетот за реизбор на Трамп „Да ја направиме Америка повторо голема” раководен од Републиканскиот национален комитет и од изборниот штаб. Комитетот се грижи за малите спонзорства и дигиталните донации. Фотографијата е бесплатна, најдена на сајтови каде се симнуваат бесплатни или платни фотографии. 

Еден руски експерт и еден американски дизајанер на американските ловци Ф-16 и А-10, контактирани од изданието, а по детална анализа на сликата, укажуваат дека фотографијата не прикажува американски туку руски воени авиони, поточно ловците МИГ-29. Војникот прикажан од десната страна на рекламата пак држел АК-74, поусовршена верзија на оригиналниот полуавтомат Калашников АК-47. 

Рускиот ловец МИГ-29 е создаден во 1977 година, за време на Советскиот Сојуз, како одговор на американските Ф-15 и Ф-16. Овие авиони се исто така извезени во повеќе земји како Северна Кореја, Сирија, Индија и Узбекистан. Иран купил 68 МИГ-29 пред колапсот на Советскиот Сојуз, но исто така и САД во 1997 година купиле 23 МИГ-29 од Молдавија, за да не се најдат во рацета на напријателите како Иран, дознава Политико. 

Изданието укажува дека понекогаш се случува американски политичари без да знаат да употребат руски оружја во реклами наменети за американската армија. Така на пример, републиканскиот конгресмен Брајан Маст лани по повод роденденот на Морнарицата на САД твитнал фотографија од рускиот воен крстосувач „Петар Велики”.