December 9, 2018 20:48
Свет

Во затвор во Тенеси извршена смртна казна со електричен стол

Осуден убиец, кој поминал повеќе од 36 години во затвор чекајќи смртна казна, својата смрт ја дочека вчера на електричен стол во Тенеси. Ова е втора егзекуција со електричен стол во оваа американска сојузна држава за само пет недели.

Дејвид Милер (61) е прогласен за мртов во 19.25 часот по локално време во затворот со максимална безбедност „Ривербенд“ во Нешвил.

Милер се наоѓал во затворот од 1982 година и од тогаш ја чекал егзекуцијата, откако бил осуден на смрт поради убиство на 23-годишна жена во 1981 година. Американскиот врховен суд претходно го одбил неговото последно барање за помилување.

Пред пет недели во Тенеси, за прв пат од 2007 година, беше извршена егзекуција со електричен стол на осуденикот на двојно убиство, Едмонд Загорски. Според судските податоци, тој одбрал електричен стол бидејќи сметал дека ќе биде помалку болно од смртоносна инекција.

Related posts

Русија блокираше украински пристаништа, тензијата расте

Valentina

Експерти од Обединетите Нации ја напуштаат Унгарија

Filip

ОН: Во Јемен треба да се обезбеди храна за 20 милиони луѓе

Ivona