Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарски Нион, попладнево се извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на Европа. Најмногу внимание привлекува пресметката Милан – Манчестер јунајтед. Регионлниот претставник Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе ги одмери силите со англискиот Тотенхем предводен од Жозе Мурињо.
Двојки: Ајакс – Јанг Бојс, Динамо Киев – Виљареал, Рома – Шахтјор, Олимпијакос – Арсенал, Динамо Загреб – Тотенхем, Манчестер јунајтед – Милан, Славија – Глазгов Ренџерс, Гранада – Молде.
Првите средби се закажани за 11 март, реваншите седум дена подоцна (18 март).