June 26, 2022 23:10
Свет

Во Естонија започнува воена вежба на НАТО, најголемата во историјата на Балтикот

Голема вежба на НАТО, најголема во историјата на Балтикот, ќе се одржи денеска, јавува Би-Би-Си. Вежбите се изведуваат под кодното име „Еж“. Вежбите ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели каде ќе учествуваат 15.000 војници од десет земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Финска и Шведска.

И покрај тоа што беа планирани долго пред Русија да ја започне својата инвазија на Украина, вежбите се одржуваат во време на значително зголемени тензии меѓу НАТО и Москва, пишуваат светските агенции.

Според нивните извештаи, а во контекст на руската инвазија, вежбите се многу симболични за балтичките држави бидејќи нивната намера е да ја тестираат нивната способност за да одговорат на евентуален руски напад.

НАТО планира уште три воени вежби – „Defender Europe“ и „Swift Response“, во кои ќе учествуваат 18.000 војници од 20 земји, а ќе се одржат во Полска и во осум други земји. Во вежбата, под кодно име „Железниот волк“ во Литванија, ќе учествуваат 3.000 сојузнички војници и 100 возила, наведуваат медиумите во регионот.

„Вежбите како овие покажуваат дека НАТО е силен и подготвен да ги заштити нашите нации и да се брани од каква било закана. Тоа се редовни вежби, планирани долго пред руската брутална и неоправдана инвазија на Украина, но помагаат да се отстрани секоја можност за погрешно проценување или недоразбирање и нашата решеност да ја заштитиме и одбраниме секоја педа од сојузничката територија. Вежбите на НАТО се одбранбени, транспарентни и во согласност со нашите меѓународни обврски“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.

cách ăn tiền go88 hướng dẫn tải go88 auto go88

SunWin - Cổng Game Quốc Tế