January 24, 2022 21:58
Балкан

Во десет грчки болници започнува терапија со моноклонални антитела

Во Грција пристигнаа 2.000 моноклонални антитела за терапија за Ковид-19, а во првата фаза, терапијата ќе се спроведува во десет болници во различни делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку заедничко соопштение, Министерствата за здравство и за дигитална политика на Грција информираат дека вчера била формирана посебна научна комисија која ќе ги разгледува барањата на пациентите и детално ја објаснуваат процедурата за пријавување на граѓаните за примање на конкретната терапија.

Преку системот за електронско издавање рецепти, лекарите ќе имаат можност да достават барање за терапија со моноклонални антитела за нивниот пациент, а приоритет ќе имаат пациентите од ранливите високоризични категории.

Лекарот може да поднесе барање само доколку пациентот е на возраст од над 12 години, болеста да е потврдена со ПЦР тест што бил направен во последните пет дена.

Поднесеното барање ќе го разгледа надлежната комисија и за неколку часа, преку СМС порака ќе ги информира лекарот и пациентот за позитивниот или негативниот одговор.

Од надлежните Министерства соопштуваат дека станува збор за едноставен процес сличен на инјектирање на други антитела и трае околу 30 минути, а пациентот ќе остане на специјалното одделение во болницата околу два часа и за инјектирањето и за дополнително следење.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Attack on Titan Final Season

My Hero Academia Season 3 Episode 18

stream anime online AnimeDao Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2

stream anime online That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

Naruto (Dub) Episode 220