June 28, 2022 04:55
Македонија

Во Дебар се врши замена на старите метални контејнери за отпад со нови

Во Дебар почна замена на старите метални контејнери за отпад со нови а за првпат контејнери ќе бидат поставени и во селските населени места.

Тоа, како што изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (IBRD-8156MK) финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

-Поконкретно почнавме со реализација на проектот „Зајакнување на техничките капацитети во општинското јавно комунално претпријатие „Стандард”. Почнавме со реализацијата на ЛОТ 3, набавени се 130 контејнери со волумен од 1,1 кубен метар, во вредност од 3.737.500 денари. Во рамки на проектот ќе набавиме и специјализирано возило за транспорт на комунален отпад и специјализирано возило канал-џет за одржување на канализациската мрежа, рече Дука, кој одблску го следеше текот на замената на контејнерите во населбата „Венец еден”.

Оценува дека добивањето на овој проект е успех за општината, бидејќи не секоја локална власт го добива тоа.

-Наемот е по многу поволни услови, што подразбира без камата, грејс период од три години и рок на исплата од 13 години. По успешно реализирање на овој, ни се дава можност да реализираме помал проект, со неповратни средства од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, посочи Дука.

Како локална власт, нагласува, наша цел е да обезбедиме што почиста животна средина и апелира до граѓаните да бидат посовесни и повнимателни, отпадот да го оставаат на определените локалции за тоа и да не ги оштетуваат поставените контејнери.

go88 go math nổ hũ tài xỉu go88 chơi go88 online

sunwin club apk Sun Win - Cổng Game Bài Macao, Tài Xỉu Số 1 VN báo cầu sunwin