January 24, 2021 03:53
Балкан

Во Грција 2.013 нови случаи и 101 починат од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.013 нови случаи на Ковид-19, а почина уште 101 лице, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Професорката епидемиолог Вана Папаевнгелу, која е член на надлежната комисија во Министерството за здравство на Грција, на денешната редовна прес конференција за Ковид-19  рече дека се намалува бројот на нови случаи, а во текот на следната седмица се очекува да се намали бројот на хоспитализирани лица и објасни дека процените се дека во овој момент во Грција има над 25.000 активни случаи.

Паралелно истакна дека е исполнет 88 отсто од капацитетот на Одделите за интензивна нега во болниците во цела Грција.

Од новите случаи, најголемиот број повторно е во Солун -545 е новозаразени лица, во областа Атика се 319 и 106 во Лариса.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас рече дека во изминатите две седмици 18 од 74 региони се со лоша епидемиолошка слика.

Од почетокот на епидемијата во Грција, регистрирани се вкупно 101.287 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа 2.102 лица.

Tensei shitara Slime Datta Ken 2nd Season Episode 2 at AnimeFreak fire force animefreak

Watch Cells at Work!! Episode 2 (https://animeplanet.cc/m/ZGDW/ep-2) at AnimePlanet jojo anime planet