October 26, 2021 01:35
Балкан

Во Грција секоја седмица ќе се објавуваат податоци за случаи на Ковид-19 кај учениците

Секоја среда Националната организација за јавно здравје на Грција ќе објавува податоци за децата од 4 до 17 години кои се заразени со Ковид-19, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому додаде дека паралелно, Министерството за образование преку специјална платформа ќе информира за одделенијата или класовите што прекинале со настава со физичко присуство, поради потврдени случаи на Ковид-19

Истакна дека факт е дека кај конкретната старосна група, од 4 до 17 години, од март е забележано зголемување на бројот на заразени, кое кулминира особено по јуни и посочи дека „ова покажува дека зголемувањето на бројот на деца кои се заразени започна пред отворањето на училишната”, споредбено со првиот квартал од годината.

-Ја имаме испланирано рамката на работа во училниците, во дворовите, во училиштата и со континуираната контрола со селф и рапид тестови на учениците да обезбедиме отворени училишта, објасни Иконому и уште еднаш повтори дека намерата на Владата е да продолжи наставата со физичко присуство.

Учебната година во Грција започна минатиот понеделник, учениците следат редовна настава со физичко присуство, а задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација (за учениците над 12 години) или потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично (секој вторник и петок).

Наставата со физичко присуство ќе се прекине само доколку во едно одделение или клас има 50 отсто плус еден позитивен случај од вкупниот број ученици

Website https://gogoanime.be: Watch Robot Girls Z gogoanime Episode 3 assassination classroom gogoanime

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Aishiteruze Baby★★ (https://wcostream.cc/m/a2m) Episode 26

AnimeFLV: Piano: The Melody of a Young Girl's Heart anime episode 10 online free at https://animeflv.uk anime online

Peatix: https://peatix.com/user/8590156/view

Progettokublai: http://www.progettokublai.net/forums/users/animefreakws