April 21, 2021 00:56
Свет

Во Грузија уапсен опозицискиот лидер Ника Мелија

Грузиската полиција со насилен упад во седиштето на главната опозициска партија „Обединето национално движење” го уапси лидерот на партијата Ника Мелија, во живо пренесуваше телевизијата „Мтавари”.

Грузија се наоѓа во сериозна политичка криза од завршувањето на парламентарните избори минатата година.

Опозицискиот лидер беше изнесен од партиските простории и приведен.

Стотици полицајци во опрема за сузбивање немири употребија солзавец против неговите приврзаници и лидерите на сите опозициски партии, кои од минатата среда се собрани пред зградата, а притоа  приведоа уште десетици други приврзаници на опозицијата.

Полициската акција следеше по минатонеделната оставка на премиерот Гиорги Гакарија. Како причина за неговата оставка тој ги наведе несогласувањата во владеачката партија околу примената на судската наредба за апсење на опозицискиот лидер Мелија.

Опозиционерот Мелија беше обвинет за поттикнување насилство на уличните протести во јуни 2019 година, а тој го отфрли обвинението како политички мотивирано.

Судот во Тбилиси минатата недела нареди негово апсење, бидејќи тој, наводно, не платил кауција.

Министерството за внатрешни работи тогаш соопшти дека го одложува извршувањето на наредбата за апсење на Мелија по оставката на премиерот Гиорги Гакарија.

Денешниот упад предизвика гнев во здружената опозиција и предупредувања од грузиските западни советници.

4Anime watch anime: DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 24

AnimeHeaven black clover anime heaven: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://animeheaven.pro/m/8q3x) Episode 39