February 24, 2019 04:53
Свет

Во главниот град на Хондурас се наоѓа аеродром каде слетувањето е посебна приказна

Не е случајно што аеродромите најчесто се градат во напуштените периферии на светските метрополи. Тоа се прави со цел да се обезбедат совршени услови за слетување и полетување, бидејќи пилотите мора да обезбедат сигурност за патниците.

Сепак, за аеродромот „Тонконтин“ во главниот град на Хондурас, ваквите правила не важат. Иако се наоѓа на периферијата на Тегусигалпа, тој е опкружен со нерамрен планински терен.

Веднаш околу аеродромот има приградски населби, а слетувањето ги става дури и најискусните пилоти на тест, бидејќи за да се избегнат стрмнините и локалните куќи, тие мора да изведат драматично свртување под агол од 45 степени.

Поради тоа, несреќите овде се честа појава, па во период од 60 години регистрирани се околу десетина незгоди. Најголемата била во 1989 година кога „боинг 727-200“ од Сан Хозе не успеал да ја погоди пистата, па удрил во планината при што загинале 131 лице.

И покрај сè, аеродромот нормално функционира и годишно преку него минуваат 600 илјади патници.

Related posts

Пропадна експериментот со гарантирана плата во Финска

Filip

Трамп: САД веќе не можат да бидат светски полицаец

Igor

Ким ветува „резултати” на втората средба со Трамп

Ivona