January 28, 2022 07:10
Свет

Во Германија забранета евтаназијата за невакцинираните

Во Германија евтаназијата е забранета за невакцинирани лица без потврда.

Евтаназијата и подготвителниот преглед на клиентите кои сакаат доброволно да умрат бараат човечка блискост, објаснуваат од клиниката.

Германското здружение за евтаназија објави дека клиентите мора да се вакцинираат против коронавирус пред да можат да се подложат на асистирано самоубиство.

Здружението најави дека идните клиенти ќе мора да ги почитуваат правилата за 2G во земјава, каде што клиниката може да им забрани влез во просториите на оние кои, меѓу другото, не биле вакцинирани.

Од клиниката велат дека евтаназијата и подготвителните прегледи бараат „човечка близина“, што значи дека според германските закони, сите вклучени во процесот мора да ги почитуваат правилата 2G, пренесува „Дејли мејл“.

„ Евтаназијата и подготвителниот преглед на нашите членови кои сакаат доброволно да умрат на сопствен ризик бара човечка блискост“, се вели во соопштението на здружението.

„Меѓутоа, човечката близина е „плодна почва“ за пренос на коронавирус. Од денес, нашето здружение го применува правилото 2G, дополнето со мерки поврзани со ситуацијата, како што се брзи тестови пред состаноци во затворен простор“.

Објаснуваат и дека одлуката се заснова на тешката задача да се балансира заштитата на нашите членови, вработени и лекари со практичната организација на нашиот секојдневен живот во здружението.

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

free anime online AnimeFreak The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom Episode 11

stream anime online Tokyo Revengers

watch anime free Bleach (Dub)