August 22, 2019 05:10
Македонија

Во ВМРО-ДПМНЕ девет пријавени кандидати за претседател, меѓу нив и Илија Димовски

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за претседател на државата. До партијата стигнале 10 пријави, а една била отфрлена затоа што била поднесена по истекување на рокот.

За кандидати за претседател се пријавиле Никита Шектуковски, доктор по математички науки и професор на ПМФ, Ѓорги Манасков -машински инижинер, Васко Костов – фармацевтски техничар, Влатко Ѓорчев – пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давчева – професор на Правен факултет, Филип Петровски – доктор по политички науки, Илија Димовски – професор во пензија на Шумарски факултет, Горан Ангелов – пратеник и ексградоначалник на Виница, Сашо Кутлешоски -доктор по земјоделски науки.

Пријавените кандидати од 6 до 16 февруари ќе направат презентација на нивната програма во општинските комитети.

„Ние ќе го поддржиме кандидатот кој ќе победи на конвенцијата. Повикуваме да ги освојат срцата на сите граѓани. Тој што ќе победи треба да не сплоти”, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за информацијата дека се фаворизира Силјановска.

ВО ЖИВО: ВМРО-ДПМНЕ ги соопштува пријавените кандидати за претседател

ВО ЖИВО: ВМРО-ДПМНЕ ги соопштува пријавените кандидати за претседател

Gepostet von Makfax am Dienstag, 5. Februar 2019

Рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари до 1 февруари.

До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта.

Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за Претседател на Република Македонија, по која што проверка, најдоцна до вторник ќе бидат соопштени и имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за кандидат за Претседател на Републиката.

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите за претседателски кандидат ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на нивната програма од страна на партијата пред општинските комитети и членовите во период од 6 до 16 февруари.

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи достапност до партиските ограноци за секој кандидат подеднакво, согласно принципите на демократијата, со цел членството да може да ги слушне нивните идеи, ставови и аргументи.

ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија, која отвора еден вака широк процес на презентација типичен за развиените демократии, каде секој кандидатот има можност за непосредни средби со членството и негово запознавање со своите гледишта за државата.

Ваквиот процес е со цел низ еден транспарентен и демократски процес да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните, ќе ги застапува нивните идеи и ќе работи во согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани.

 

Нови вести

Адвокатот Павлески се откажува од Панделевски – Ќе ја застапува само Катица

24news

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor