November 25, 2020 08:32
Свет

Во виенските училишта се воведуваат „гаргара” тестови за Ковид-19

Австриското Министерство за образование во соработка со градот Виена воведе брзи „гаргара” тестови за Ковид-19 во училиштата.

Со такви тестови беа тестирани патниците кои се враќаа во Австрија од Хрватска во август.

Со „гаргара” тестот е возможно да се тестираат поголем број луѓе за кратко време. За тестирањето се користи вода за гаргара, а резултатите се готови во рок од 24 часа.

Тестирањето по потреба ќе го извршуваат мобилни медицински екипи. Додека за тестирање на учениците помлади од 14 години ќе се бара согласност од родителите.

Училиштата треба да обезбедат доволно големи простории или простор на отворено каде ќе се врши тестирањето. Директорот на училиштето ќе ги известува негативните, додека Здравствениот институт ќе известува за позитивните случаи.