Свет

Во Велика Британија вакцинирани 32 милиони луѓе

Во Велика Британија против коронавирус досега се вакцинирани 32 милиони граѓани со првата доза, а 7,6 милиони луѓе ги примија двете дози на вакцината.

На сите Британци постари од 50 години и припадници на ризични групи во Велика Британија досега им е понудена првата доза на вакцина за коронавирус, објави владата во Лондон.

Ова практично значи дека владата на Велика Британија ја постигна својата цел да ги вакцинира сите членови на деветте најризични групи на население до 15 април, пренесува „Ројтерс“.

Британската влада објави дека е на добар пат да обезбеди вакцинација за сите возрасни лица до крајот на јули, наведувајќи дека следни на ред се државјаните на возраст под 50 години.

WCOStream anime: That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://wcostream.cc/m/Jbnz) Episode 24

KissAnime kissanime reddit: Watch TONIKAWA: Over the Moon For You Episode 9 (https://kissanimeonline.com/m/r7Mo/ep-9)