June 14, 2021 07:10
Македонија

Во Велес се градат станови за социјално загрозени семејства

Зграда во Велес ќе овозможи дом на 29 семејства од социјално ранливите категории граѓани, известува министерството за транспорт и врски.

Од таму дообјаснуваат дека рокот на изградба е мај 2022 година, а вредноста на договорот е речиси 42 милиони денари.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на А.Д за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски објектот е уште една потврда за грижата на државата за решавање на станбеното прашање на лицата на кои им е најпотребно.

„Во моментов, во објектите од овој тип се работи на 650 станбени единици.Годинава во буџетот на Министерството беа предвидени 134 милиони денари за реализација на овие проекти. Минатогодишните средства за оваа намена беа целосно искористени, што е исклучително добар пример и потврда за успешно менаџирање на работите од страна на Генералниот директор Трајковски, и воопшто на АДИССДП’’, рече Бочварски.

Според Трајковски, завршени се постапките за уште 3 социјални згради, а во тек е избор на изедувач на објект од ваков тип во Дебар.

На прашањето дали се размислува за обезбедување станови за времено сместување на семејства кои немаат каде да се сместат бидејќи нивните станови или куќи биле опожарени, Трајковски одговори дека веќе имало вакви случаи и на тие лица.

Преку распределба од страна на Комисијата за станбени прашања им било овозможено времено сместување во објектите со коишто стопанисува Друштвото.

„Сите лица кои се соочиле со несреќа од ваков тип треба да се обратат до подрачните единици на претпријатието, каде нашите вработени ќе ги упатат како да го остварат ова право‘‘, рече Трајковски. Посочувајќи дека грижата за социјално ранливите категории граѓани е приоритетна за Друштвото, рече дека во моментов заедно со Министерството за транспорт и врски се работи на ново законско решение. Со него се предвидува полесен начин за откуп на социјалните станови опфатени со претходниот проект Ф/П 1340, како и на општествените станови и тоа во насока на пониски каматна стапки и поголем број рати за отплата.

AnimeFreak anime freak tv: Watch Your Lie in April Episode 3 (https://animefreak.ws/m/675/ep-3)

ANIMEFLIX animeflix one piece: Watch Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1 (https://animeflix.nl/m/0e9N/ep-1)