Македонија

Во Велес продолжуваат активностите за дезинфекција

– Општина Велес во соработка со припадниците на МВР, СВР – Велес денеска ги интензивира мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните.

За таа цел на поставените контролни пунктови на влезовите во Велес, денеска се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот.

Како што информираат од Општина Велес, оваа активност започна во текот на минатата недела, но интензивно продолжи и денеска,  а ќе се реализира и понатаму.

Активностите за чистење и миење на улиците, како и дезинфицирањето на возилата на влезовите во градот се интензивирани како резултат на ширењето на Ковид-19 , а со цел да се обезбедат почисти улици и населби, но пред сè заштита на жителите ,потенцираат од службата за информирање на Општина Велес.