December 5, 2022 08:38
Хроника

Во Вардар пронајден трупот на кумановецот кој со „голф“ падна во реката кај Желино

Откако безживотно тело беше најдено утринава околу 10.40 часот во водите на реката Вардар кај касарната Еребино семејството го идентификуваше и препозна Ердон Рамадани. Тоа е 22 годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил  „фолксваген голф“  излета од автопатот Тетово-Скопје кај мостот што поминува над реката Вардар во близина на Желино.

И градоначалникот на општина Желино преку социјалните мрежи објави дека утринава во реката Вардар е најдено телото на Рамадани.

-Најден е младиот кумановец, во реката Вардар. Благодарност до сите спасувачки екипи кои придонесоа во текот на сите овие денови. Длабоко сочувство до семејството, порача преку социјалната мрежа Блерим Сејдуи, градоначалникот на Желино.

Од тетовската полиција потврдија дека е најдено тело во реката Вардар. Полицајци од СВР Тетово ги нашле телото.

-Во 10:40 пронајдено е безживотно тело на машко лице во непосредна близина на касарната Еребино, до вториот бетонски мост. Телото наскоро треба да се извлече од водите и да се изврши официјална идентификација. Повикан е лекар од Судска медицина и јавен обвинител, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.