April 15, 2021 10:42
Свет

Во британските јавни објекти можно е да не се носат маски на лето

Заштитните маски за лице можеби нема да бидат задолжителни во затворените јаввни објекти во текот на летото, изјави лекарката Џени Хариз од британското Министерство за здравство.

Но, таа додаде дека маските најверојатно ќе бидат задолжителни во текот на зимските месеци.

– Едно е сигурно, тоа што го правиме надвор е неспоредливо побезбедно отколку тоа што го правиме внатре. проветрувањето е од големо значење, истакна Хариз.