August 5, 2021 04:36
Економија

Во Британија лани повеќе се вложувало во крипто-валути отколку во акции

Во Британија лани повеќе се вложувало во крипто-валути отколку во акции

Лондон, 21 јуни 2021 (МИА) – Во Велика Британија, минатата година, седум  проценти од возрасните граѓани инвестирале во криптовалути, додека пет проценти инвестирале во традиционални берзански средства и инвестиции засновани на капитал (ИСА), покажува истражувањето на британската инвестициска компанија AJ Бел.

„Бидејќи се повеќе и повеќе луѓе купуваат криптовалути отколку што вложуваат на ИСА, заклучокот е дека светот е зафатен од крипто лудило“, смета Лаит Халаф, финансиски аналитичар во AЈ Бел, за резултатите од истражувањето.

Според таа студија, британските крипто-инвеститори се претежно мажи и под 35 години.

Повеќе од 70 проценти од оние кои изјавиле дека купиле криптовалути, рекле дека оствариле профит, додека 12 проценти објавија загуба минатата година. Во исто време, 17 проценти од испитаниците изјавиле дека не знаат дали оствариле профит или загуба со своите крипто инвестиции. зш/

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Outbreak Company Episode 12

4Anime Watch anime online, English anime online HD. Aquarion (https://4anime.biz/m/o7z) Episode 26

Watch anime online for free at AnimeDao animedao my hero. Watch The Heroic Legend of Arslan Episode 25

KissAnime Issuu: https://issuu.com/kissanimemx